Проф. д-р Ристо Ачковски

Телефон: 3099-124
e-mail: acko@feit.ukim.edu.mk

Роден е во 1950 во Скопје. Дипломирал на Електромашинскиот факултет во Скопје во 1973. Магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 1978 година, а докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1990 година. На Факултетот се вработил во 1974 како асистент. Унапредување во звањата предавач, виш предавач, вонреден и редовен професор стекнал во 1982, 1985, 1991 и 1996 година, соодветно. Бил продекан за финансии во два мандата и раководител на Институтот за ПЕЕС во два мандата. Во овој момент е раководител на Лабораторијата за висок напон. Држел настава и вежби на девет предмети на додипломски и магистерски студии. Досега објавил над 200 научни и стручни трудови од кои педесетина се објавени во научни списанија и на конференции во странство. Под негово менторство во изминатиот период се изработени и одбранети два доктората. Раководел со три, а учествувал во шест научно-истражувачки проекти финансирани од МОН. Учествувал и раководел со изработката на голем број студии и апликативни проекти од областа на електроенергетиката, финансирани од стопанството. Член е на здружението IEEE од 1995 година. Член е на здружението MAKO CIGRE од неговото основање во 1995 година. Неговите области на интерес се анализа и доверливост на електроенергетските системи, квалитет на електричната енергија, заземјување и заземјувачки системи и техника на висок напон. Пензиониран е во 2017 година.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.