Проф. д-р Драгомир Арсов

Роден е во 1945 во Скопје. Во 1968 год. дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот во Саутемптон, Англија. Магистрирал и докторирал на Факултетот за електротехника и компјутерско инженерство при Кларксон колеџ за технологија, Потсдам, држава Њујорк, во 1973 и 1977 година. Во 1968 година е вработен на Електро-машинскиот факултет во Скопје како приправник, а во 1969 година е избран во звање асистент. Во периодот 1971-1977 работи како асистент и инструктор при Кларксон колеџ за технологија. Потоа се вратил на Факултетот и продолжил да работи како асистент. Во 1982, 1992 и 2004 година е избран во наставничките звања доцент, вонреден професор и редовен професор. Изведувал настава по повеќе предмети од областа на електроенергетски системи. Во моментов изведува настава по предметите електрични мрежи и управување и диспечинг во ЕЕС, а на магистерските студии одржува настава по предметот автоматизирано управување во ЕЕС. Објавил трудови во земјата и странство. Изработил неколку проекти за потребите на стопанството. Неговите главни области на научен интерес се електроенергетските мрежи, управување, диспечинг и мониторинг на ЕЕС. Пензиониран е во 2011 година.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.