Проф. д-р Симеон Близнаковски

Роден е во 1942 година во Ново Село, Скопско. Дипломирал на Електротехничкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје во 1966 година. Последните две години од студиите бил стипендист на Електро-машинскиот факултет. Добитник е на универзитетската награда за завршени студии со најдобар успех во учебната 1965/66 година. Магистрирал во 1976 година, како прв постдипломец кој одбранил магистерски труд на Електротехничкиот и Машинскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1983 година. На Факултетот е вработен во 1967 година како асистент. Во 1977 година бил избран за предавач, а во 1981 за виш предавач. Во понатамошната кариера напредувал во звањата вонреден професор и редовен професор во 1984 и 1989 година. Бил продекан на Факултетот во периодот 1983-1984 и раководител на Институтот за преносни ЕЕС во неколку мандати. Држел настава на предмети од областа преносни и дистрибутивни системи, меѓу кои: електростопанство, режими на работа на ЕЕС и планирање и развој на ЕЕС. Автор и коавтор е на над 50 научни и стручни трудови. Пензиониран е во 2007 година.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.