Доц. д-р Александар Димитровски

Роден е во 1963 год. во Битола. Дипломирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1987 и во 1997 год., а магистрирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1992 год. Својата професионална кариера ја почнал како инженер во фирмата „Раде Кончар״ во Скопје во 1997 год. и една година подоцна во фирмата „ЕМО ״во Скопје. На Факултетот е вработен како помлад асистент во 1989 год. За асистент е избран во 1993 год., а за доцент во 2000 год. Во меѓувреме бил на студиски престои на повеќе странски институции: Националната лабораторија на Аргон, САД, Литванскиот институт за енергија во Каунас, Литванија, Институтот за системско и компјутерско инженерство во Порто, Португалија, Меѓународниот центар за теоретска физика во Трст, Италија. Во периодот 2001–2002 престојувал на постдокторски студии на Државниот универзитет на Вашингтон во Пулман, САД, каде во периодот 2003-2006 бил визитинг професор. Автор е на повеќе од 40 трудови од областа на моделирање и анализа на неизвесности во електроенергетските системи. Член е на меѓународното здружение IEEE со статус на senior member. Од 2006 работи како истражувач и инструктор во фирмата за производство на дигитални заштитни уреди Schweitzer Engineering Laboratories во Пулман, САД. Од 2010 работи во Oak Ridge National Laboratory во САД.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.