Стипендии
Избирајќи ја студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС) новозапишаните студенти стекнуваат право да конкурираат за една од 15-те стипендии што ќе ги доделат компаниите ЕВН Македонија, ЕЛЕМ и МЕПСО во учебната 2014/2015 година. Висината на стипендијата изнесува 6000 денари месечно и се доделува во 10 месеци од годината. Стипендијата автоматски се продолжува и во следните учебни години, се до крајот на студирањето, доколку се задржи просечна оценка од најмалку 8. На крајот на јуни 2014 беа доделени стипендиите за учебната 2013/2014 година. Повеќе ...
Уписи
Повеќе информации за уписите на ФЕИТ можете да добиете на web страницата на ФЕИТ во специјалниот дел за УПИСИ. Регистрирајте се во системот за уписи iKnow на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на http://www.upisi.ukim.mk.
Студиска програма електроенергетски системи (ЕЕС)
На студиската програма електроенергетски системи (ЕЕС) студентите се стекнуваат со практични знаења и вештини од областите: пренос, дистрибуција, продажба и употреба на електрична енергија. Во текот на студирањето се користат современи софтверски алатки за симулација и анализа на ЕЕС, како и за изучување на областите планирање и управување на ЕЕС, техника на висок напон, нисконапонски инсталации и осветление и квалитет на електрична енергија. Истовремено, студентите имаат можност да се запознаат со елементите на ЕЕС и низ пракични лабораториски вежби во лабораториите на факултетот.
Дипломираните инженери имаат единствена прилика да бидат дел од електроиндустријата, како една од најстабилните дејности, која во текот на повеќе децении вработува голем број инженери. Во оваа област им се нудат можности за успешна кариера и добро платена работа во преносни и дистрибутивни компании (ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН), во јавниот сектор, како и во консултантски, проектантски и производни фирми. Ваквите кадри се сè повеќе барани во нашата земја и во светот, каде нашата диплома важи без никакви ограничувања.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Во едукацијата на дипломираните инженери на студиската програма ЕЕС учествуваат сите институти на ФЕИТ. Во текот на студиите на студиската програма ЕЕС дипломираните инженери се здобиваат со современи познавања на електроенергетските системи и се оспосособуваат за примена на најсовремени софтверски алатки за решавање на проблеми од областа на:
- компјутерски подржано проектирање на преносните и дистрибутивните мрежи и системи;
- проектирање на електрично осветление и инсталации;
- планирање, експлоатација и управување на преносните и дистрибутивните електроенергетски системи;
- испитување и проектирање на високонапонски изолациони системи и електротехнички материјали.
- сегменти на електростопанството (пренос, дистрибуција и продажба на електрична енергија);
- делови од јавната администрација чиишто функции се поврзани со електроенергетскиот сектор;
- консултантски, проектантски и производни фирми што се занимаваат со проектирање и изведба на енергетски и електроенергетски објекти.