Проф. д-р Властимир Гламочанин

Телефон: 3099-123
e-mail: vlasto@feit.ukim.edu.mk

Роден е во 1949 година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1974 год., магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1981 и 1991, соодветно. Бил на стручни престои во Дармштадт и Карлсруе - Германија, Ибараки - Јапонија, Брунел - Англија и Арлингтон - САД. Држел предавања на универзитетите во Дармштадт, Ибараки, Тирана, Белград и Љубљана и во истражувачките центри на Хитачи, Тошиба и Мицубиши во Јапонија. На Факултетот е вработен во 1975 год. како помлад асистент, а во 1982 е избран за асистент. Во кариерата напредувал во звањата доцент, вонреден професор и редовен професор во годините 1992, 1997 во 2001, соодветно. Бил продекан за финансии (1995-1997) и декан на Факултетот во два мандати (1998-2004). Бил организатор и претседавач на седум „Balkan Power Conferences“, на „International Workshop“ Сеул, како и на сите советувања на MAKO CIGRE. Раководел со 18 меѓународни проекти, дополнително учествувал како консултант во пет меѓународни проекти и координирал и соработувал во мрежа од 34 универзитети. Едитор e на „International Journal of Power and Energy Systems“, и научен рецензент на IEEE, „Springer – Engineering“, МОН на Р Македонија и Р Србија. Редовен член е на CIGRE - SG C1, член е IEEE, „SmartGrids, Network Operations“ и претседател на SK C1 MAKO CIGRE. Потесното научно-истражувачко подрачје опфаќа планирање и развој на ЕЕС, енергетска ефикасност, примена на ICT во електроенергетиката, енергетски менаџмент на дистрибуирани и обновливи извори, контрола и управување со ЕЕС. Пензиониран е во 2016 година.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.