Доц. д-р Воислав Јанков

Роден е во 1964 година во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1989, 1992 и 1995 година, соодветно. На Факултетот вработен во 1989 година со звањето помлад асистент. Во звањето асистент е избран во 1993 година, а во звањето доцент во 2000 година. Остварил студиски престој на Државниот универзитет во Мисисипи, САД, во 1997 год., како стипендист на Фулбрајтовата фондација и во Силејс Беј, Канада. Автор е или коавтор на 20-тина научни трудови. Коавтор е на 9 научно-истражувачки и апликативни студии. Бил вклучен во голем број апликативни проекти со стопанството преку Лабораторијата за висок напон. Бил претседавач со студиските комитети СТК33 и С4 на MAKO CIGRE. Во моментов, живее и работи во Канада како професионален инженер и консултант. Ангажиран е во еднонасочни високонапонски преносни проекти во Северна и Јужна Америка и Југоисточна Азија. Автор е на поглавјата за изолација на еднонасочните високонапонски далеководи и електроди за еднонасочен пренос од прирачникот за еднонасочни високонапонски системи издаден од ЕСКОМ, електростопанството на Јужноафричката Република. Учествува во работата работните групи на IEEE (М90, ЅМ03) и CIGRE – Канада. Член е на здруженијата на професионални инженери на провинциите Онтарио и Манитоба во Канада. Активен е во заедницата преку Ротари клубот и преку партнерството Пријатели на инженерите со Универзитетот во Манитоба.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.