м-р Александар Ласков

Роден е во 1978 год. во Скопје. Во 2002 год. завршил VI1 степен на Електротехничкиот факултет во Скопје. Дипломирал во 2008 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На Факултетот е ангажиран во 2002 год. како стручен соработник во Лабораторијата за висок напон. Моментално е запишан на магистерски студии. Неговите задолженија се одржување на опремата во лабораторијата, изведување на лабораториските вежби по предметите од областа техниката на висок напон на додипломските студии на Факултетот и реализација на проектите од областа на профилактичко испитување на висконапонската опрема. Досега има објавено неколку трудови на научни советувања во земјата. Учествува во реализација на голем број проекти од областа на профилактичко испитување на високонапонската опрема во електроенергетските компании во земјата. Неговите области на интерес се профилактички испитувања на високонапонската опрема, анализа на преодните процеси во електро¬енергет¬ските системи, пренапони од атмосферско и друго потекло и заштита од нивните влијанија, координација на изолација.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.