Проф. д-р Љубомир Николоски

Телефон: 3099-123
e-mail: nljube@feit.ukim.edu.mk

Роден е во 1947 во с. Секирци, Прилепско. Дипломата електроинженер ја добил на Електро-машинскиот факултет во 1972 год. Магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1979 и 1988 година, соодветно. Првата кратка служба му била во претпријатието „Рудници и железарница“ - Скопје во 1972 год. На Факултетот е вработен во 1974 год. како асистент. Во звањата доцент, вонреден професор и редовен професор бил избран во 1989, 1994 и 1999 година. Наставната дејност ја извршувал на предметите: техника на висок напон, електротехнички материјали и во последните години и на предметот квалитет на електричната енергија. Автор е на неколку десетици стручни и научни трудови со кои учествувал на конференции, советувања и симпозиуми во земјата и во странство, како и неколку трудови објавени во списанија и зборници. Автор или коавтор е на скрипти и учебници за дисциплините кои ги предавал. Учествувал во работата на неколку научно – истражувачки проекти од областа на своето стручно делување, а бил раководител на една студија. Активен е во работата на MAKO CIGRE како раководител на стручен оддел, а во IEEE бил претседател на Македонската секција во два мандата. Како област на интерес ги има техниката на висок напон, електротехничките материјали и квалитетот на електричната енергија. Пензиониран е во 2012 година.

© ФЕИТ-ПЕЕС, 2012.